петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Општини

Илиевски: Во населбата Зелен рид ново детско катче и мини парк за најмалите

Илиевски: Во населбата Зелен рид ново детско катче и мини парк за најмалите

Денеска од нас. Зелен рид кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски истакна дека населбата во последниот период се шири, изградени се нови станбени згради, а со тоа се вселуваат и млади семејства.

„Неопходно се појавува потребата за рекреирање, дружење и забава за најмалите. Затоа, во програмата, предвидуваме детско катче и еден мини парк, нема повеќе да одиме во градскиот парк во Скопје, парковите и детските катчиња ќе си ги изградиме тука и тука ќе си ги раснеме нашите најмали“- рече Илиевски.

„По спроведените истражувања, забележавме дека граѓаните од овде сакаат да пешачат токму поради тоа, на улиците “Васко Карангелевски” и “Авној” како едни од подолгите улици во градот, ќе изградиме пешачки патеки по должина на истите и целосно ќе ги реконструираме и доасфалтираме и споредните улици. На сите улици ќе бидат изградени тротоари со дрвореди“- додаде тој.

Илиевски потенцираше дека програмата не е  листа на желби, туку листа на обврски и приоритети кои на Куманово му се неопходни.

„Да инвестираме во нашите маала, во нашите деца, во нашата животна средина. Тоа е целта, но и должноста на еден градоначалник.“- заврши тој.

Коронавирус