недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Илиевски: Наш приоритет се лицата со попреченост, како Општина да ги срушиме комуникациските и физичките бариери

Илиевски: Наш приоритет се лицата со попреченост, како Општина да ги срушиме комуникациските и физичките бариери

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска на прес-конференција истакна дека лицата со попреченост се врвен приоритет во Најдобрата програма на СДСМ во однос на обезбедување на повисоко ниво на поддршка од страна на Општината.

„Наш врвен приоритет е подобар општествен живот за сите, за младите, за пензионерите, за ранливите категории како што се лицата со попреченост. Поддршката на лицата со попреченост е во насока на рушење на комуникациските и физичките бариери, преку организирање разни проекти од областа на спортот, уметноста и културата, изградба на адаптирани спортски училишта, изградба на пристапни рампи во клучни институции на општината и како дел од инфраструктурата на градот.„

Коронавирус