сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 28
home Општини

Илиевски: Енергетски ефикасни згради и бесплатен паркинг за жителите на центарот на Куманово

Илиевски: Енергетски ефикасни згради и бесплатен паркинг за жителите на центарот на Куманово

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска на прес-конференција во центарот на Куманово до самата монтажна катна гаража која ја постави актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, најави дека истата ќе биде отсранета и дислоцирана на место кадешто е потребна. Илиевски најави дека граѓаните на овој дел од градот ќе имаат бесплатен паркинг во новите катни гаражи кои се предвидени во програмата на СДСМ за овие локални избори.

-Еден од главните приоритети во наредниот мандат е токму уредувањето на центарот. Се наоѓаме пред монтажниот објект наречен катна гаража, кој ќе биде отстранет по 31-ви октомври. Сообраќајниот метеж не се решава со привремени монтажи, туку со план и идејни решенија. Истата оваа монтажна гаража ќе биде дислоцирана и пренесена таму кадешто ваков тип гаражи се потребни, а не во центар. Како градоначалник се обврзувам паркингот за жителите кои живеат тука да биде бесплатен, а една од катните гаражи кои ги предвидуваме ќе биде подземна катна гаража, со 700 паркинг места, со што уличките од овој дел ќе бидат затворени само за жителите. Вашиот глас на 31ви значи глас за бесплатен паркинг, рече Илиевски.

Тој дополни дека граѓаните на овој дел од градот ќе добијат нови фасади на зградите.

-Во центарот на градот се сконцентрирани и повеќе станбени објекти, дел од нив се нови, но поглемиот дел се постари згради изградени уште во минатиот век. Истите се со истрошени фасади и оставаат грда слика.За таа цел, предвидуваме санација и обновување на фасадите на станбените објекти на улиците Народна Револуција, Среќко Пужаљка, Ленинова, Тодор Велков, плоштад Маршал Тито. Заедно со спојување на двата плоштада во едно модерно градско шеталиште, овие објекти ќе ја надополнат сликата за центарот на градот, во едно убаво место за живеење, онака како што прилега за еден модерен и европски град, рече Илиевски.

Коронавирус