сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Општини

И во Штип алармантно: На Инфективно слободни само 2 кревети, заразени наставнички и воспитувачки

И во Штип алармантно: На Инфективно слободни само 2 кревети, заразени наставнички и воспитувачки

Во штипското основно училиште „Тошо Арсов” 34 второодделенци и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако имале физичка настава од наставник од предметна настава, кој е позитивен на коронавирусот.

Во истото училиште велат дека од почетокот на учебната година, досега тројца наставници се заразиле со вирусот. Прекин во наставата немало, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.

Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо” во населбата „Сењак”. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.

Според директорката на Центарот за здравје-Штип, Марија Димитрова вчера се регистрирани 25 случаи, но и денеска се очекува двоцифрена бројка. Заразате се шири меѓу младите над 20 години, семејствата, но и сега и во училиштата и градинките. Текстилниот кластер во најголемата фабрика во ТИРЗ зоната е стивната.

Денеска на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се хоспитализирани 53 пациенти, има два слободни кревети, 20 пациенти се со тешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а во болнички услови е починат пациент на 72 -годишна возраст од Штип.

Коронавирус