среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

И официјално сменети имињата на училиштата во Дебар

И официјално сменети имињата на училиштата во Дебар

Официјално се сменети имињата на училиштата во Дебар, беше соопштено на денешните пригодни програми организирани по повод 28-ми ноември – Денот на незвисноста на Република Албанија и Денот на албанското национално знаме.

По добиеното решение од Министерството за образование и наука, имињата на училиштата се запшани и во Централен регистар.

Основното општинско училиште „Братство единство“ сега е „Пенестија“ (според албанските историчари старо име на Дебар), додека средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во „28 ноември“.

Претходно Советот на општина Дебар, во почетокот на октомври по вторпат усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот, со запазување на потребниот број гласови според „Баденетер“. Одлука за промена на имињата на двете училишта, исто така со „Бадентер“, беше изгласана и во 2012 година од тогашниот совет на општината.

На пригодната програма по повод патронот на гмназијата „28 Ноември“, за значењето на денот зборуваше директорот Рамадан Имери. Тој благодарност за конечното решавање на прашањето со името упати до министерот за образование и наука и посебно за починатиот градоначалник Ружди Љата.

Пригодна програма беше одржана и во детската градинка „Брешија“, како и во двете основни училишта.

За сите деца од градинката и учениците на основните училишта подароци обезбеди дебранецот Салаудн Ербели, кој живее во САД.

Инаку, поради деновите на жалост за смртта на градоначалникот Љата, откажани беа сите најавени културни и спортски активности.