петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Општини

Хортикултурно уредување ​во Кавадарци

Хортикултурно уредување ​во Кавадарци

Хортикултурно се уредува просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“ во Кавадарци. Интензивно се работи на терен, а, според прес-службата на локалната самоуправа, активностите ги реализира општината заедно со Јавното претпријатие „Комуналец” и компанијата „Ја-ми”.

​- Се работи за површина од 2.000 метри квадратни. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и четири камиони со кои просторот најпрво се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија  зелените површини, појаснија од Службата за информирање. 

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе се садат дрвја и трева. 

По завршувањето на акцијата, општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култувиран простор за одмор и рекреација.