недела, 28. мај 2023. Вести денес: 83
home Општини

Хортикултурно уредување во центарот на Кавадарци

Хортикултурно уредување во центарот на Кавадарци
????????????????????????????????????

Општина Кавадарци во заедничка акција со Јавното претпријатие „Комуналец“ почна со хортикултурно уредување на жардинерите во центарот на градот. Вработените денеска работеа на расчистување на жардинерата пред поранешната „Стоковна куќа“.

-Во оваа акција, со која ќе бидат опфатени зелените површини пред седумкатницата, кругот околлу јаворот и сите жардинерии од БИД зоната по улицата „Илинденска“, ќе биде извршено темелно расчистување и обработка на земјата, информира општина Кавадарци.

Потоа ќе следи нивно хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење на нискостеблести растенија. Со овој зафат општината ќе го подобри градското зеленило и ќе ги разубави жардинерите со цел подигање на стандардите на живеење на граѓаните.