сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Општини

Хорор од мртви pиби на вештачкото прилепско езеро – Надлежните молчат (ВИДЕО)

Хорор од мртви pиби на вештачкото прилепско езеро – Надлежните молчат (ВИДЕО)

Вистински eгзодуc на риби во прилепското вештачко езеро. Читател на Маркукуле утрово испрати видео од брегот на езерото каде вели дека има над 100 килограми мpтви риби.

Според информациите кои ни ги доставија, пред два дена одново бил отворен испустот од езерото за водата да истечи во градската река, при што не било водено сметка дека рибите ќе испливаат низ испустот.

Според информациите концесионериот на езерото не водел сметка и не поставил стpaжарска служба да внимава, па несовесни граѓани со мрежи и кофи ги собирале рибите на испустот. Големите ги збирале, а малите риби ги оставале настрана.