понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Општини

Хаос во Свети Николе: Насилство и кражби од познати ситни криминалци, надлежните органи не реагираат

Хаос во Свети Николе: Насилство и кражби од познати ситни криминалци, надлежните органи не реагираат

Вечерва спонтано се организираше поголема група револтирани граѓани на Свети Николе кои одржаа протестен марш од Основниот суд Свети Николе преку централното градско подрачје до Полициската станица во градот.

Тие јавно го искажаа својот револт поради непреземањето на мерки од страна на надлежните судски и полициски органи, поради се почестите грабежи и насилства од страна на ситните веќе познати криминалци и на јавноста и на органите на јавниот ред и мир.

Несигурноста и стравот на граѓаните од ден на ден е се поголема, а револтот од ден на ден постојано расте.

Апелираме до надлежните органи да ги преземат сите потребни мерки, како би се вратил мирот и сигурноста на граѓаните во општина Свети Николе.