четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 96
home Општини

Граѓаните со „Благодарница“ за градоначалничката за се што направи за Битола

Граѓаните со „Благодарница“ за градоначалничката за се што направи за Битола

На 46 седница на Советот на општина Битола, советничката од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Анита Ангелевска на инсистирање на граѓаните на Битола и врачи „БЛАГОДАРНИЦА” на градоначалничката Наташа Петровска за се што во овие две години и направи на Битола.

„Овие две години, разговарам и се среќавам со многу граѓани, со многу жители на општина Битола и како што е ред, зашто ние советниците сме избрани од Вас и пред Вас треба да бидеме отчетни, должна бев тоа да го направам – рече Ангелевска. На молба на граѓаните “благодарницата” Ангелевска ја прочита јавно од говорница, бидејќи не можат граѓаните цели две години никако да стигнат до градоначалничката, иако потенцираа, дека “разбираат дека многу способната и одлична градоначалничка нема време за губење, но инсистираат сепак, таа за сите овие огромни двегодишни заложби за нив и за градот да ја добие заслужената благодарност.”

Натаму во текстот на “Благодарницата” стои:

– најпрвин благодарност што и оваа зима спасени сме од труењето со загадениот воздух, – благодарност за убавите велосипедски патеки, – честитики за огромната способност и знаење со кои го заврши наследениот проект за Пречиститителната станица, – одличен е и проектот за мултифункционалниот спортски објект, – честитики за одличното справување со сообраќајниот хаос во градот, а посебно големо благодарам за новите паркинг места, – за воведувањето на системот за управување со отпад, – за реновираната зграда за противпожарна заштита, – за новиот сточен пазар, – а најголема благодарност и задоволството е најголемо од инвестициите кои ги донесе во Битола и обезбедените нови работни места. И уште, на крајот, во “благодарницата” стои – рече Ангелевска, “по овие големи завршени проекти Наташа Петровска да ја напушти функцијата градоначалник, бараат граѓаните, зашто Битола доволно добила во овие поминати две години !!!

Потоа, Ангелевска и лично и „честиташе” на Наташа Петровска од она што го видела во Програмата за развојни планови за периодот од 2020-2022 година, за сите четири проекти, на кои Петровска веќе три пати со ред успева да остане фокусирана и прецизно, со сите свои математички вештини и знаења, од Програма во Програма ги препишува – акцентираше Ангелевска. “- Улицата Илинденска, сто пати бришена и препишувана преживеа и нејзината реконструкција храбро ќе опстојува со сигурност и наредните две години, конечно не стравуваме од понеделничното започнување на нејзината реконструкција, за тоа сигурно е пресудна способноста на градоначалничката. – Кутриот Офицерски дом, уште најмалку цели две години ќе може да ужива во раскошот на својот распад, нема да биде завршена реконструкцијата и во 2021 година.

– И Стадионот, благодарение на способната и незбунета Наташа, ќе се гради уште цели две години најмалку. – А гасификацијата може да биде најспокојна, од следната година ако Господ сака, ќе се направи проектот – студијата, а дури следните две години нешто ќе се презема, ама овде сум сигурна дека уште долго ќе биде спасена од конкретна реализација. 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ ОД, ОКОЛУ 100 МИЛИОНИ ЕВРА – ТРИ ГОДИШНИ БУЏЕТИ Навистина, честитики за Наташа Петровска, што толку економично, домаќински и со анализа го планира развојот на градот, а следната благодарница ќе ја добие кога на граѓаните ќе им каже на што друго ги троши нивните пари.” Поради постојаното бегање на градоначалничката Петровска и нејзиното континуирано неприсуство на седниците на Советот, “благодарницата” и беше врачена преку претседателот на Советот Валентин Груевски.

Коронавирус