сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 69
home Општини

Граѓаните се жалат: Охридските улици личат на стационар за улични кучиња (ВИДЕО)

Граѓаните се жалат: Охридските улици личат на стационар за улични кучиња (ВИДЕО)

Центарот на Охрид врие од улични кучиња. Охриѓани велат дека животните се движат во група, а кружниот тек изгледа на збирно место.

– Страв ми е навечер да поминам. Мене ми е страв, а да не зборувам за децата. Редовно одиме да ги пречекаме децата. Се плашат да поминат крај нив за да стигнат дома. Доволно е само да го слушнат нувното лаење – коментира една охриѓанка.

Тие посочуваат дека во текот на летната сезона кучињата и од струга и од Охрид се собираат и се истовааат на стариот пат кој ги спојува овие два града. Во текот на зимото повторно кучињата во групи се враќаат назад.