вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 138
home Општини

„Граѓаните на општина Гази Баба се заборавени и од локалната и од централната власт“

„Граѓаните на општина Гази Баба се заборавени и од локалната и од централната власт“

СДСМ наместо да се зафати да ги решава проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Општина Гази Баба, тие водат дневни ПР активности. Граѓаните на Општина Гази Баба се заборавени и од локалната и од централната власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Наместо да се крие градоначалникот од редовите на СДСМ Борис Георгиевски, му порачуваме конечно после 3 години локална власт да се прошета низ населените места и да ги слушне проблемите но и потребите на граѓаните.
Реалноста е дека граѓани во Општина Гази Баба немаа вода за пиење, најголем дел населени места немаат фекални канализациони системи, хигиената во Општината е на најниско ниво. Додека пак ветените проекти како изградба на градинки во Сингелиќ, Трубарево, Ќерамидница и Инџиково, гасификација на Општината, изградба на училиште во Ченто, спортски центри, решавање на проблемот со депонија во Вардариште, решавање на проблемот со пазарот за стари работи и многу други проекти остануваат само празно слово на хартија. Наместо реализација на ветените проекти, ние секојдневно гледаме како цвета урбаната мафија, како никнуваат нови дивоградби и како од страна на Општината не се превзема ништо по однос на ова, порачуваат тие.

Граѓаните на Општина Гази Баба веќе одамна ја направија разликата и добро знаат кој градел и ја развивал Општината, а кој ги излажал и ги изневерил нивните очекувања.

-Доаѓаат подобри времиња за Општина Гази Баба. Времиња кога проблемите на граѓаните ќе бидат водилка во работењето на Општина Гази Баба, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

Коронавирус