четврток, 30. март 2023. Вести денес: 136
home Општини

Граѓанин платил 590 денари за 1 час паркинг во Охрид бидејќи системот не го одјавувал

Граѓанин платил 590 денари за 1 час паркинг во Охрид бидејќи системот не го одјавувал

Граѓанин на Охрид потрошил вкупно 590 денари за паркирање, бидејќи системот не ги примал пораките кои ги испраќал за да се одјави од паркинг местото на кое останал околу 1 час.

Тој го паркирал автомобилот и испратил СМС порака, но кога испраќал СМС за да се одјави од тоа паркинг место, системот не потврдувал дека е одјавен и продолжил да откуцува за паркинг услугата.

Праќал повеќе пораки за одјавување по што од како се насобрале скоро 10 евра успеал да се одјави. Овој настан го отвора прашањето колку е сигурен системот за наплата на паркинг преку СМС.

ПЛУС 6 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈА СМС ПОРАКА

Јавноста остана не информирана дека секоја СМС порака за најава и одјава од паркинг се наплатува по 6 денари.

Тоа значи дека при секое паркирање покрај за часовите поминати на паркингот, дополнителни трошоци се прават и за самото праќање СМС порака за најава ќе платите плус 6 денари и за одјава уште 6 денари или вкупно 12 денари.

Извор: ohrid1.com