четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Градоначалникот Таравари нема да толерира дивоградби во Гостивар

Градоначалникот Таравари нема да толерира дивоградби во Гостивар

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари по посетата на две градилишта во градот на инвеститорите им даде рок од една недела да се урнат градбите кои се надвор од одобренијата за градање.

Таравари заедно со раководителот на секторот за урбанизам и овластените градежни инспектори денеска излегоа на терен и одблизу се запознаа со текот на гградење на колективни згради. По извршениот увид, било утврдено дека во два случаја има отстапување од градежната дозвола и дека градењето се одвива вон габаритот предвиден со постојните деталните урбанистички планови.

Градоначалникот Таравари нагласи дека нема да го менува ставот да нетолерира градењето на „диво“ и на инвеститорите им остави рок од седм дена да ги вратат објектите во согласност со дозволата за градба.

-Сум истакнал повеќе пати, толеранцијата за градење на „диво“ ќе биде нула. Денеска откривме два случаја на градење вон дозволата за градба. Инвеститорите имаат една недела рок да ги срушат доградбите и да продолжат да го градат објектот во согласност со градежната дозвола. Во спротивно, ние ќе постапиме според нашите надлежности и обврски, рече градоначалникот Таравари.

Од Општина Гостивар упатија апел до инвеститорите за строго придржување на прописите, издадените дозволи, правилата и стандардите при градење, а граѓаните се охрабруваат до надлежните органи да пријават случаи на нелегално градење. (МИА)