четврток, 15. април 2021. Вести денес: 159
home Општини

„Градоначалникот на Велес 6 месеци пред избори ги задолжува велешани за 46 милиони денари“

„Градоначалникот на Велес 6 месеци пред избори ги задолжува велешани за 46 милиони денари“

Градоначалникот на Велес 6 месеци пред избори ги задолжува велешани за 46 милиони денари, обвинува Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивното соопштение:

По хеликоптерската прошетка до Прилеп, деновиве Заев го посети и Велес со најава за започнување на изградба на затворен пазар. Околу ова ветување, должни сме на граѓаните на Велес и Македонија да им појасниме неколку факти, за постапките на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, неспособната и некадарна советничка група на СДСМ, како и корумпираната влада на Зоран Заев.

– Иако во програмата на СДСМ 2017-2021 е наведено дека изградбата на затворениот пазар ќе биде завршен до 2018 година и во 2021 година истиот не е ни почнат

– Во 2017/2018 година Аце Коцевски и СДСМ го раскинаа договорот со законски избраната градежна фирма за изградба на 1-та фаза, со тврдења дека проектот е неквалитетен и со недостатоци. Деновиве, без ниту трошка срам, Аце Коцевски тврди дека истиот проект, изработен од истата проектантска куќа и истите архитекти, кој во 2017 беше лош, сега е добар.

– Деновиве, со цел на замачкување на очите на јавноста и дефокусирање од неспособноста на локалната власт во Велес, општина Велес се задолжи за нови 46 милиони денари за почеток на реализација на овој проект

– Ова ново задолжување доаѓа и покрај сите тврдења на СДСМ и Коцевски, дека општината е презадолжена. Токму во таа насока Коцевски ветуваше способна локална самоуправа и администрација која ќе работи на проекти кои ќе се реализираат преку европските фондови.

Наместо тоа, иако во општината има преку 30 нови вработени, ниту еден од нив не успеал да изработи таков проект.

Со оваа одлука со која СДСМ и Аце Коцевски ги задолжија жителите на Велес за нови 46 милиони денари, покажаа дека општинската администрација, под водство на СДСМ не е способна ниту да прави квалитетни проекти, ниту да аплицира за средства од државните и европските фондови!

Коронавирус