петок, 26. април 2019. Вести денес: 30
home Општини

Градоначалникот на Свети Николе пред избори се колнеше и ветуваше дека нема да има депонија во градот- сега експресно ќе гради

Градоначалникот на Свети Николе пред избори се колнеше и ветуваше дека нема да има депонија во градот- сега експресно ќе гради

По претходно прекинатата 29та редовна седница на Советот на Општина Свети Николе, на ден 20.03.2019 година се продолжи со работата на исто споменатата седница.

На седницата беше предложена една точка на дневен ред по претходно барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно Предлог- одлука за распишување и одржување на локален референдум за изградба на регионална депонија во Општина Свети Николе.

Предлагачите на точката на дневниот ред го истакнаа своето образложение, но и својот став по ова прашање, повикувајќи се на законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и законот за локалната самоуправа.

Исто така, предлагачите потсетија дека предизборните ветувања на Градоначалникот Сашо Велковски главно беа темелени врз реторика поврзана со изградбата на регионална депонија во Општина Свети Николе, за да по стапување на функцијата Градоначалник овие ветувања бидат празни зборови кои одекнуваа на еден од митинзите на СДСМ во Свети Николе.

Градоначалникот на сето ова реагираше со обвинувања кои беа упатени кон претходната власт, истакнувајќи дека не може да избега од договорот за изградба на регионална депонија и истакнувајќи дека граѓаните требале да бидат прашани од претходната власт. На ова реплицираше советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Атанасов.

-Почитуван Градоначалник, рековте граѓаните не биле прашани, еве сега ја имате историската можност да бидат прашани и тоа токму кога вие сте Градоначалник на Општина Свети Николе. Ова е вистинскиот момент. Да им дозволиме на граѓаните овој пат да одлучат. Ќе ве цитирам ,, како можам да избегам од овој договор,, а јас Градоначалник ќе ве прашам за една работа: Како може вие да избегате од ветеното кон граѓаните на Општина Свети Николе. Апелирам до сите колеги советници да бидеме разумни, бидејќи ова прашање е многу претешко за сите нас 15 советници. Ова е клучно важно прашање и да не си ставаме на товар нешто кое ќе не следи цел наш живот. Сметам дека овој пат треба да одлучат граѓаните на Општина Свети Николе. Потенцира Атанасов.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Митев истакна дека граѓаните на Општина Свети Николе треба да одлучат по ова прашање, но доколку тие како Совет на Општина Свети Николе не го усвојат предлогот предложен од нивна страна за распишување и одржување на локален референдум тие ќе ја подржат секоја граѓанска иницијатива која ќе се обиде да ги собере овие потписи, потребните 20% во нивната Општина.

Точката на дневен ред по ставањето на нејзино гласање, не се усвои, со 5 гласа ЗА и 8 гласа ВОЗДРЖАНИ.

Советниците од СДСМ гласаа воздржани со изговор дека постојат доволно неразјаснети работи, односно дали законите за референдум, локална самоуправа и законот за управување со отпад се во согласност, но и нејаснотиите околу тоа колку се финансиските импликации за Општина Свети Николе.

Инаку додека сегашниот градоначалник сака да ја изгради депонијата, во минатото за време на изборната кампања пред граѓаните се колнеше и ветуваше дека нема да дозволат да се изгради депонија во најчистиот дел од земјава, а тоа е овчеполието.