петок, 5. март 2021. Вести денес: 117
home Општини

Градоначалникот на Штип општинската каса ќе ја полни врз грбот на граѓаните

Градоначалникот на Штип општинската каса ќе ја полни врз грбот на граѓаните

Штипското стопанство е со огромни загуби, граѓаните на Штип освен економската криза предизвикана од ковид пандемијата дополнително се осиромашени, а домашниот буџет на една семејство е оптоварен и со поскапи сметки за вода.

Градоначалникот Сашо Николов удри врз грбот на граѓаните. Николов ќе ја полни локалната каса врз грбот на граѓаните. Во Штип под раководство на СДСМ цената на водата е со константно поскапување, моментално е 32,5 денари за кубен метар со најава за дополнително поскапување.

Додека Штипското стопанство е со загуби од над 50 проценти, Штипскиот бизнис сектор бара отварање нова индустриска зона и гасификација што ќе овозможи Штип да ја смени својата базна гранка која е трудоинтензивна и ниско платена а на која Штип се потпира со години. На овој начин би се овозможило заживување на економијата на Штип. Сопствениците и бизннис секторот сметаат дека доколку постои индустриска зона размислуваат за одредени алтернативни бизниси.

„Неколку од претставници од текстилниот сектор изјавија дека доклу им се овозможат услови да дојдат до земјиште, до индустриска зона веќе тие би размислуваат за одредени свои алтернативни бизниси“, изјави Илија Николов, сопственик на „Актива“ Штип.

Градоначалникот на Штип Сашко Николов се жали на ниските приходи кои општината ги има како комунални и градежни приходи.

„Нашата општина како општина помалку од 10 проценти од буџетот има приходи од комунални градежни приходи што е многу мал процент во однос на останатите општини, главниот акцент е нашата општина да се отвори спрема инвеститорите пред се домашните, Штипските инвеститори“, рече Николов.

Познавачите на приликите велат дека очигледно е дека Николов општинската каса ќе ја полни на грбот на граѓаните.
-На тоа укажуваат постапките, велат тие.

Коронавирус