четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 43
home Општини

Ристовски: Градоначалникот на Прилеп цели две години ги отседна

Ристовски: Градоначалникот на Прилеп цели две години ги отседна

За граѓаните оваа година не се разликуваше во ништо со минатата. Јованоски и власта ја завршуваат годината со мизерно ниво на реализација на капиталните проекти, а неговите мегаломански ветувања и понатаму остануваат само празно слово на хартија.

Цели две години градоначалникот ги отседна, па од преголема удобност заборави на ветените две спортски сали, на изградбата на нов театар, двете нови градинки, ново училиште, заборави и на ветените две обиколници околу Прилеп, на реконструкцијата на Старата чаршија, на ветениот затворен базен, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, заборави и на чистиот воздух, како и на проектите за младите.

Во две години и од два потрошени буџети пари на граѓаните видовме само поскапување на сметките за вода за 60%, видовме трошење на партиски и роднински вработувања и видовме еден куп сомнежи за сторен криминал околу спроведувањето на јавните набавки.

Пример за тоа е и возобновеното спомен обележје во месноста Дабница, каде градоначалникот си постави споменик на 3.11.2019, а тендерската постапка за истиот траеше до 05.11. Постави споменик за кој нема добиено одлука од Советот, не е формиран одбор за одлучување и нема одобрение за градба. Еве вака работи овој башибозук кој не почитува ниту една законска норма. Се вели во Фејсбук статусот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Коронавирус