вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Општини

Градоначалникот на Липково: Состојбата е загрижувачка, само денес 6 заразени со коронавирус

Градоначалникот на Липково: Состојбата е загрижувачка, само денес 6 заразени со коронавирус

Општина Липково преку својата Фејсбук страница информираше дека само денес се регистрирани 6 нови случаи на коронавирус во оваа општина во Куманово.

-За жал, бројот на лица заразени од вирусот Ковид-19 во нашата општина сè уште е загрижувачки, и покрај нашите чести апели (молби). Бројот на заразени се повеќе и повеќе продолжува да расте, така што од 6 случаи регистрирани денес во кумановскиот регион, сите 6 се од нашата општина Липково, пишува во објавата.

Од општина бараат граѓаните да се придржува кон препораките, да не се собираат и да не разговараат по плоштадите, пред маркетите, пред која било деловна зграда или на други јавни места. Да се почитува физичко растојание од најмалку 2 метри едни од други и да се користат заштитни маски и нараквици, пренесе ТВ21.