понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 139
home Општини

Градоначалничката Петровска ги остави граѓаните на цедило кога временските неприлики ја зафатија Битола

Градоначалничката Петровска ги остави граѓаните на цедило кога временските неприлики ја зафатија Битола

Поради поларните температури и голема количина на снежната покривка, граѓаните на Битола се соочуваат со отежнато секојдневно функционирање.

Додека здравствените установи секојдневно се полнат со граѓани со скршеници од неисчистените улици, градоначалничката Петровска во овој период замина за Словенија од приватни причини и ги остави граѓаните на цедило.

За овој хаос кој се случува во Битола, веднаш реагираше советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, која воедно и повика и на вондредна седница за изнаоѓање на итни мерки за справување со временските неприлики. Нo на ова барање не се огласи никој од надлежните, освен советничката група на СДСМ која го оцени како лицемерно.

Имено додека првиот човек на Битола, Петровска е надвор од државата и не може да им помогне на граѓаните, се јави и претседателот на советот на Битола, Валентин Груевски. Тој ладнокрвно објави статус на својот Фејсбук профил и на целата мака на битолчани им се пофали дека е заминат во Германија да ги следи натпреварите на македонската ракометна репрезентација.

 

По извесно време Петровска се врати во Битола но сепак најголем дел од улиците останаа неисчистени а градоначалничка се уште се нема обратено до битолчани да каже дали планира да преземе нешто за нивната безбедност.

Цената на негрижа и неодговорност од страна на власта во Битола, единствено ја платија граѓаните со нивното здравје и финансиските средства.

Следуваат слики од битолските улици и институции кои се уште се затрупани со снег :

Коронавирус