петок, 7. мај 2021. Вести денес: 143
home Општини

Градоначалничката на Битола го оправдува непотизмот, во градот немало друг невработен професор освен нејзиниот брат

Градоначалничката на Битола го оправдува непотизмот, во градот немало друг невработен професор освен нејзиниот брат

Битолчани се разочарани од првите 100 дена работа на градоначалничката Наташа Петровска која во предизборието имаше низа на ветувања  и најавени проекти за градот. Покрај не остварените предизборни ветувања , голем број на вработени во локалната самоуправа ги загубија свите работни.  Преку 270 административни и други вработени , ангажирани со Договор на дело во: градинки,училишта и администрацијата останаа без извор на егзистенција. На нивно место се вработени партиски војници на СДСМ меѓу кој е и лично братот градоначалничката.

Имено  братот на градоначалничката се вработи во основното училиште ,,Елпида Караманди’’ , а градоначалничката вели: ,, Мојот брат беше единствениот кандидат кој се пријави на интервјуто за работното место наставник по математика. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само за работата да не ја добие мојот брат’’ .

Нејзиниот сопартиец и сограѓанин  по потекло од Битола, Зоран Ивановски кој беше и кандидат за пратеник во дијаспората од редовите на СДСМ на својот фејсбук профил саркастично вели:

,,Значи сите учители и професори се вработени во Битола! просто да не веруваш.  Нека само ти и бате да сте добри’’ .

Непотизмот и  партиските вработувања се секојдневие како на ценрално така и на локално ниво, ништо по различно не и овој случај со вработувањетона братот на градначалничката кој е класичен пример за непотизам. Животот во Битола кој требаше да дојде за сите, а очигледно дојде за родните на градоначалниците и партиските членови на СДСМ.

Коронавирус