недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Општини

Градежна експанзија во Општина Кавадарци

Градежна експанзија во Општина Кавадарци

Во селото Ваташа денеска беше асфалтиран пристапот до новиот мост и проширувањето на патот после мостот на регионалниот пат кон Витачево.

Оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица го постави првиот порамнителен слој асфалт на вкупна површина од 1390 квадратни метри.

Во наредната фаза ќе се работи на пристапот до новиот мост на жителите од тој дел на Ваташа, односно на пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде видно променет. Финиот слој на асфалт ќе се постави во завршната фаза кога ќе се асфалтира и коловозната површина на новиот мост.
Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.

Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.