недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Гори депонијата кај Добрашинци

Гори депонијата кај Добрашинци

Четири дена гори депонијата кај селото Добрашинци во општина Василево, откако избувнал пожар во неделата попладне.

Граѓани од ова село го пријавиле пожарот во депонијата кај инспекциските служби, а вработени од комуналнoто претпријатие од Струмица се на терен и работат на санирање на пожарот.

Според информации од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од неодговорни граѓани, а пожарот избувнал во изолираниот дел за тврд отпад.

Голем, дваесеттонски, багер од вчера е на депонијата и работи на санирање на запалениот отпад и смет.

Горењето на депонијата го потврдија и од ТППЕ Струмица. Информираа дека заедно со вработените од „Комуналец“ не дозволиле пожарот да е прошири и од вчера е ставен под контрола.

Инаку, на депонијата кај Добрашинци се одлага отпад и смет од општините Струмица и Василево. (МИА)

Коронавирус