Трската кај кампот „Андон Дуков” на Охридското Езеро вчера беше запалена и предизвика голем пожар на површина од 50 илјади метри квадратни.
Покрај трска и дрва, изгореа и неколку бараки и живина која била сместена во кокошарници.
Во гаснењето на огнот учествуваа три возила на охридската противпожарна служба, а помагаа и многу локални жители. Гасењето на пожарот траело повеќе од 3 часа.
Од струшката и охридската противпожарна единица велат дека не паметат толку многу интервенции во овој период од годината.