понеделник, 28. ноември 2022. Вести денес: 185
home Општини

Големо велигденско јајце со велигденска порака на 12 јазици на Плаошник (ФОТО)

Големо велигденско јајце со велигденска порака на 12 јазици на Плаошник (ФОТО)

Велигденско јајце, високо над 2 метри ќе биде вистински украс во дворот на црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник. „Плаошката екипа“ со многу љубов и посветеност го изработи јајцето, а ќе биде напишата и Велигденската порака „Христос Воскресе“ на 12 светски јазици.

Јајцето е направено од арматура и стиропор и е обоено со посебна, водоотпорна боја. Околу него е поставена дрвена ограда, но и табли на кои, на 12 светски јазици е испишана Велигденската порака. Ќе биде напишана на французки, германски, англиски, грчки, полски и други јазици, објави OhridPress.

Додаваат дека јајцето е направено за здравје, а во чест на најголемиот христијански празник Велигден.

Традиционално, Плаошник е една од најпосетуваните дестинации за Велигденските празници, па се очекува и ова да биде уште една незаборавна глетка за постителите.

Најнови вести

Коронавирус