понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Големи казни за граѓани на Гостивар кои го прекршиле полицискиот час

Големи казни за граѓани на Гостивар кои го прекршиле полицискиот час

Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење на населението на територијата на Република Македонија.

За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​

Коронавирус