четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 98
home Општини

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево

Пред големиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ центарот на Кичево го краси голема божиќна пештера, изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Света Богородица Пречиста“.

Пештерата е поставена веднаш до новогодишната елка, каде всушност беше поставена за првпат и минатата година и веднаш привлече вниманието на сите жители на градот.

– Ова божиќна пештера е со височна од три метри и исто толкува широчина. Изработена е од сестрите на манастирот „Света Богородца Пречиста“,кои беа дел од сестринството на нашиот манастир,каде всушност и почна изработката на божикните пештери. Од пред четири години со благослов на владиката Партениј а по барање на владиката Тимотеј тие се во кичевскиот манастир, изјави за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.

Сестрата додава дека пред пештерата која го симболизира Христовоти раѓање во Витлемската пештера доаѓаат од сите страни за да се поклонат, да остават по некоја честитка во кутиите од Бадниковите поворки и да испеат Божиќна каланда.

-Се пее на македонски, словенечки, грчки, англиски, па дури и на арапски, вели со блага насмевка, по која е претпознатлива сестра Ефимија.

Жителите на Кичево не може да го скријат чувството на радост во нивните души,за „Кичево кое во полн сјај го дочекува рожденството Христово“.

-На градскиот плоштад постојано ечи Вечниот Бог но и другите каланди испеани за овој голем празник. Го живееме и се радуваме за празникот што доаѓа. Нека биде и овој Божик празник кој сплотува, празник кој радува, празник кој дава надеж за подобро утре. Да се радуваме и да се надеваме на милоста од спасителот Господ Исус Христос. Незаборавајќи на божиќната честитка и желба за подобро утре желба за побрзо оздравување на болните, но и поттик и подршка за здравствените работници да истраат и да ја добијат битката со невидливиот и опасен непрјател, вели Бошко Серафилоски.

Голема украсна пештера има и во Охрид,каде на плоштадот за првпат беше поставена пред неколку години и тука останува до Водици.Освен што и се восхитуваат, охриѓани и туристите не заминуваат а да не се фотографираат.Посебно радосни на тоа се децата.

По повод Христово раѓање-Божик, во многу македонски домови веќе е внесена божиќната атмосфера, благодарение токму на преубавите божиќни пештери изработени од вредните и трудољубиви сестри од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.

-Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на

Рождеството Христово и со кандило. Претставуваат прекрасно надополнување на божикното дрвце, во духот на православната традиција. Со изработката на божикните пештери во нашиот манастир почнавме пред десеттина години, со благослов на владиката Партениј, додава сестрата.

Сестрите ги изработуваат со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благостојба а пештерите веќе красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

-Токму Витлеемските пештери, кои и оваа година со благослов на нашиот Старец, владиката Партениј, ги изработуваме во нашиот манастир, ни се своевиден потсетник на тој духовен амбиент во кој треба да се најдеме. Убаво е да се знае дека тие веќе ги украсуваат домовите на се поголем број заинтересирани луѓе и внесуваат радост во сечие срце, вели сестра Ефимија.

Од годинава изработените пештери, посочува таа,останати се уште мал број и доколку некој сака да набави треба да се јави на телефонскиот број 075 245 791. Цената на една пештера изнесува 2.000 денари.

Коронавирус