среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 4
home Општини

Голем пожар во кичевско- доколку не се изгасне истиот има опасност да се прошири до Манастирот Св. Богородица- Пречиста

Голем пожар во кичевско- доколку не се изгасне истиот има опасност да се прошири до Манастирот Св. Богородица- Пречиста

Кичевскиот портал ПОРТА.мк објави лоша вест, имено пламените јазици кои ноќеска беа ставени во мирување во атарот на с.Манастирско Доленци – кичевско се реактивираа и се директна закана бидејќи истите можат да бидат катастрофални за Манастирот Св.Богородица – Пречиста.

Поради не пристапниот терен на ТППЕ врз истиот не можат да стигнат пожарни возила и се замолуваат сите СОЛИДАРНИ луѓе да понесат алат, лопати, продукти за гаснење пожар и да помогнат во акцијата во с.Манастирско Доленци и да не се дозволи пожарот да се прошири и да направи штета во огромни размери!