четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на  18. Денови на мед во Куманово.

Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.

Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски.

Рече дека годинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.

Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

Манифестацијата ќе трае три дена, а на денепното отворање присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, како и пчелари и  претседатели на пчеларски здруженија од Србија и Бугарија.

МИА