понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Општини

Главната сестра во битолската болница поднесе неотповиклива оставка

Главната сестра во битолската болница поднесе неотповиклива оставка

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка, објави Нова Македонија.

За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се познати причините за оставката на Бајовска. Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години, објави Нова Македонија.

Коронавирус