петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Општини

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров“ и Заводот за заштита и рехабилитација  на деца и младинци „Бања Банско“.

-Избирачкиот процес тече нормално без никакви проблеми и кај болните и изнемоштените, во затворот и во двете установи, информира Томислав Андреев, претседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комсии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Право на глас во овие шест општини имаат над 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Коронавирус