понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 1
home Општини

Ѓорчепетровци против урбаната мафија, највуваат големи протести

Ѓорчепетровци против урбаната мафија, највуваат големи протести

Почитувани, изминатата недела од страна на мнозинството во советот на општина Ѓорче Петров беше изгласана програмата за работа на советот на општина Ѓорче Петров во кој се предвидува до крајот на оваа година да се донесат и да се стават во сила 25 детални урбанистички планови !

Ако се земе во обзир дека овој состав на советот има мандат уште осум месеци, а веќе сме на прагот на вториот месец за 2021 година тоа значи дека наредните осум месеци како на фабричка лента ќе се штанцаат урнанистички планови, без притоа да се почитуваат роковите за јавни анкети, запознавање на јавноста, разгледување на анкетните листови, односно јавноста ќе биде комплетно изолирана од процесот.

Дел од овие планови се веќе донесени, а на нив се врши допарцелизација со цел давање маркици за колективно домување.
Изразуваме голема загриженост за ова урбанистичко силување и без вашата поддршка немаме можност да го спречиме. Сите сакаме Ѓорче да се развива, ама да биде согласно принципите на хуманото живеење, а не согласно финансискиот интерес.
Моментално во општина Ѓорче Петров, секторот за урбанизам и планирање како да го водат градежните инвеститори кои дивеат и уцртуваат маркици за колективно домување каде што сакаат, наместо професионалци кои ќе го почитуваат законот за планирање и градење.

Носење на 25 урбанистички планови за 8 месеци е за Гинисов рекорд и невиден притисок врз животната и општествената средина на живеење.

Со нетрпение го очекуваме симнувањето на забраната за групирање на отворено, за да го организираме предупредувачкиот протест против урбаното дивеење во Ѓорче Петров, пред да биде предоцна.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија