среда, 14. април 2021. Вести денес: 104
home Општини

Герила акција на УМС во Куманово: „Можете да го уништите образованието“ (ФОТО)

Герила акција на УМС во Куманово: „Можете да го уништите образованието“ (ФОТО)

Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани при денешната посета во Куманово беше пречекан со транспарент „Можете да го уништите образованието“.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во герила акција го постави овој транспарент на мост пред средното училиште “Киро Бурназ”. Младите и упатија директна порака на министерката Мила Царовска, чија нова концепција за образованието наиде на низа критики кај голем дел од јавноста.

Милан Давидовиќ од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на прес-конференција изјави дека Царовска води политичка кампања наместо да ги спроведе крупните реформи во образованите кои ги најави кога дојде на чело на министерството.

-Под мотото: „Учи паметно работи стручно“ всушност си води политичка кампања. Бидејќи колку и да и се чесни намерите, не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека ова е кампања првенствено за нејзина самопромоција, а најмалку станува збор за создавање услови за образување стручни кадри согласно потребите на стопанството. И овојпат гледаме лицемерие кај функционери од СДСМ, со оглед на тоа што во Куманово изминативе четири години не отвори ни еден производствен погон, а за соработката помеѓу стручните училишта и стопанските субјекти од градот им текна неколку дена пред нејзината посета,  изјави портпаролот Милан Давидовиќ.

Според него, Царовска не може да ги погледне во очи матурантите врз кои преку наставниците вршеле притисок, студентите кои имаат скромни оброци во домовите и учениците кои се образуваат во мизерни услови без соодветни учебници по стручните предмети и странските јазици.

Во однос на новата Концепција во образованието, од партијата реагираат дека голем број на наставници се исплашени за своите работни позиции и треба бргу да се решаваат проблемите во правец на сите засегнати страни, иако од МОН најавиле дека никој нема да го изгуби своето место во образовните институции.

Давидовиќ смета дека Општина Куманово има скромна училишна инфраструктура за потребите на една модерна настава, која не е соодветна за онаа настава којашто се предвидува со новата Концепција за основно образование, а не се реализирани ни ветувањата за нови сместувачки капацитети во градинката.

-Граѓаните на Општина Куманово ја запознаа Царовска по битката за превласт над детската градинска „Ангел Шајче“ која ја водеше со градоначалникот Димитриевски, само и само заради поставување свој кадар. За жал, освен по ова, и по отворањето на еден проширен дел во еден клон од „Ангел Шајче“, не видовме сериозна грижа за незгрижените деца од предучилишна возраст во детски установи, односно изградба на нови детски градинки кои ќе ги задоволат потребите на нашата општина. Дали вакви битки ќе водат и за именување директори на училиштата или ќе се занимаваат со суштински работи поврзани со квалитетот на воспитно-образовниот процес, допрва ќе бидеме сведоци,  заврши Давидовиќ.

Коронавирус