понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 141
home Општини

Галичани реагираат: Се сече шумата која за Велигден изгоре над Галичник

Галичани реагираат: Се сече шумата која за Велигден изгоре над Галичник

Месната заедница Галичник на социјалните мрежи информира дека вчера утрото галичани биле разбудени од звукот на моторни пили.

-Се сечеше шумата која за Велигден изгоре над Галичник, пред години садена и вардена од галичани. Месна заедница Галичник не беше ниту официјално ниту неофицијално известена дека било кој надлежен орган издал налог за сечење на опожарената шума. Воедно, МЗГ нема информација за било каков став во однос на понатамошното постапување со дрвната маса собрана од галичкиот орман. По пријава од загрижени граѓани, увид на лице место изврши полиција, но не ги затекна дрвосечачите кои пред да пристигне полицијата го напуштиле местото, се вели во објавата.

Оттаму известуваа дека ставот на МЗГ во однос на нерегулираната и нетранспарентна сеча е бескомпромисен. Велат ќе ги преземат сите мерки за да утврдат кој, зошто, по чиј налог сече шума во атарот на Галичник.

Коронавирус