четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Општини

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние денеска ја посети општина Новаци и се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски со кого разговараа за досегашната соработка, но и чекорите и активностите за нејзино продолжување.

Разговорот беше фокусиран на досегашните проекти на општина Новаци и поддршката која ја добива тамошната локална самоуправа во рамки на соработката со организацијата АЛДА и француската општина Коломбел, изјави градоначалникот Кузманоски.

Францускиот амбасадор Тимоние соопшти дека во соработка со општина Новаци, амбасадата ќе организира повеќе манифестации посветени на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

– По повод 100 години од завршувањето на прва светска војна, планирааме да направиме туристика рута од Солун до Белград за француските туристи да се запознаат со овој регон и историјата, најави амбасадорот Тимоние.

(Миа)