среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Општини

ФОТО: Задоцнетите мерки и касното известување од страна на СДСМ секојдневно предизвикуваат хаос во Куманово

ФОТО: Задоцнетите мерки и касното известување од страна на СДСМ секојдневно предизвикуваат хаос во Куманово

Задоцнетите мерки и касното известување од страна на владата на СДСМ секојдневно предизвикуваат револ кај граѓаните.

Имено, откако минатиот петок техничкиот премиер Оливер Спасовски во 17 часот ги извести жителите на општина Куманово, дека полицискиот час односно забрана на движење на граѓаните од Куманово ќе трае се до понеделник предизвика хаос и гужва во маркетите, банките, пред банкоматите низ улиците.

Овој проблем продолжува и во текот на оваа недела окако на вчерашната седница на владата се донесе одлука забраната за движење да започнува од 16 часот, а не во 21 часот како сега , со тоа шѕо граѓаните ќе имаат целосна забрана за движење во текот на целиот викенд предизвика хаос и во дригите градови на Република Македонија.

До нашата редакција пристигнаа неколку фотографии и поплаки од граѓаните кои што се жалат дека поради закаснатото известување се создаваат гужви во маркетите бидејќи сите граѓани брзаат да ги набавт потребните намирници, додавајќи дека поради хаосот и гужвата не се почитува социјална дистанца и стравуваат од можно заразување со вирусот.

Во продолжение погледнете ги фотографите:

Коронавирус