недела, 4. јуни 2023. Вести денес: 73
home Општини

ФОТО: Визија за современо училиште стана реалност во Кавадарци

ФОТО: Визија за современо училиште стана реалност во Кавадарци

Додека повеќето ученици посакуваат модерно и средено училиште, тоа е реалност во Кавадарци во основното Тошо Велков-Пепето.

-Визијата на училиштето „Тошо Велков – Пепето“ Кавадаци за „модерно и современо училиште“ веќе е реалност со посветеното менаџирање на директорката Ѓурѓица Алексова и работата на сите вработени во училиштето. А модерно и современо училиште значи современи услови за престој и работа на наставниците и ученици со реновирани и креативно опремени училници и кабинети, простории за продолжен престој како пријатно катче, уреден и чист училишен двор, но и квалитетна и современа настава, пишува на Фејсбук страната на училиштето.

Остварувањето на визијата за современо и модерно училиште е резултат пред се на остварување на програмата за работа на директорката на училиштето, каде условите за престој и работа на сите вработени и ученици, беа нејзини високо поставени цели кои веќе се реализирани со реновирање на тоалетите за учениците, поставување на венецијан завеси на прозорците во кабинетите и училниците и нивно реновирање, адаптирање и реновирање на просториите за продолжен престој со поставување на шкафчиња за учениците.

Понатаму, пренаменување на канцеларијата на директорот во училишна библиотека која претставува особена гордост на училиштето, изработка на летниковец во училишниот двор за настава во природа, комплетно реновирање на наставничка канцеларија, канцеларијата на стручната служба и директорот со набавка на нов современ мебел, како и многу други активности кои го сменија ликот и духот на училиштето.

Училиштето покрај тоа што во изминатата година беше прогласено за „Најчисто и најбезбедно училиште“ во Македонија од страна на министерството за образование и наука и ОБСЕ.