четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 178
home Општини

ФОТО: Привршуваат последните подготовки- Кавадарци е подготвено за големата манифестација

ФОТО: Привршуваат последните подготовки- Кавадарци е подготвено за големата манифестација

Последни подготовки во Кавадарци пред започнувањето на стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Организаторот, општина Кавадарци денеска официјално го објави стартот на гроздоберот, нагласувајќи дека се е подготвено за успешен старт на манифестацијата.

Градоначалникот Митко Јанчев на прес конференцијата, со која го означи стартот, посочи дека во изминатите шест месеци сите од организацијата се вложиле максимално, со цел квалитетна понуда како за кавадарчани, така и за гостите кои ќе дојдат на гроздоберот. Тој очекува годинава гроздоберот да биде најпосетена манифестација од ваков карактер во земјава.

-Сите сместувачки капацитети во Кавадарци се исполнети. Обезбедени се 4000 паркинг места за гостите кои ќе дојдат на гроздобер, а возилата ќе ги пречекуваат и распоредуваат сто волонтери. Во карневалското дефиле ќе учествуваат 750 учесници. Имаме богата музичка програма, а веќе е потврдено присуството на голем број дипломати, претставници на државниот врв, гости од збратимените градови, рече Јанчев.

На сите официјални штандови, посочи градоначалникот, ќе се нуди само вино и производи од грозје. Тоа бил и главен критериум при издавањето на штандовите, бидејќи оваа манифестација е за промоција на грозјето и виното.

За сите кои сакаат да дојдат во Кавадарци на гроздоберска забава и да бидат дел од приказната под отворено небо општината организира и бесплатен автобуски превоз од повеќе градови.

Слаткар, Љубојна, Некст тајм, Џамбо Агушев, многу познати ди-џеи се дел од музичката понуда за гроздоберот. Цеца е главна ѕвезда на годинашниов гроздобер. Нејзиниот настап е во недела вечерта. Карневалското дефиле годинава е во 13 часот во недела.

Коронавирус