вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Општини

ФОТО: По низа одбиени барања од општината, жителите на Мождивњак со свои пари ја платија санацијата на дупките на регионален пат

ФОТО: По низа одбиени барања од општината, жителите на Мождивњак со свои пари ја платија санацијата на дупките на регионален пат

Денеска месното население на с.Мождивњак, Кр.Паланка, самоиницијативно се организираа и ги покри трошковите за санација на ударните дупки со крпење на Регионалниот пат од Домот до Дубље во должина на 3,5км кој води кон самото село.

Иако се собираа иницијативи и барања до Општината за санација, негативен исход секојпат добиваа. Инаку, да нагласиме, ова село е оставено и без основните потреби за жителите, односно 3 месеци е без питка вода.

Во оваа држава и општина за жал, во 21 век каде институциите не функционираат, се се сведува на самоинцијативата од граѓаните кои се приморени да се снаоѓаат преку алтернативни решенија.