сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 65
home Општини

ФОТО: Општина Кавадарци реализира нов инфраструктурен проект вреден над 1 милион денари

ФОТО: Општина Кавадарци реализира нов инфраструктурен проект вреден над 1 милион денари

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“. Се завршуваат работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни.

-Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици. За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет, соопшти градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев преку социјалната мрежа Фејсбук.