среда, 5. август 2020. Вести денес: 125
home Општини

ФОТО: Од Охридско Езеро извадени и две метални казанчиња за тоалет од Југословенско производство

ФОТО: Од Охридско Езеро извадени и две метални казанчиња за тоалет од Југословенско производство

Нуркачкиот Центар Акватек продолжува да го чисти Охридското Езеро од отпадот кој го фрлаат несовесните граѓани.

-Од денешната акција извадени две метални казанчиња од Југословенско производство за тоалет и еден огромен црн пластичен најлон. Локацијата беше на околу 200 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри некаде кај Мостот на Желбите и плажата Срјшче. Ќе ве замолам, немојте да фрлате отпад во езерото, срамота и греота е… Никола Паскали #8 Нуркачки Центар Акватек, напишаа од Акватек на својот Фејсбук профил.

За потсетување на овој исти потег нуркачите извадија комплетна опрема на купатило, вреќа со плочки, бољер, тоалетна школка…

Коронавирус