среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Неподнослива миризба се шири во близина на градската болница во Кичево, градоначалникот не мрднува со прст

ФОТО: Неподнослива миризба се шири во близина на градската болница во Кичево, градоначалникот не мрднува со прст

Веќе подолго време од реката Сушица во близина на градската болница се шири непријатна миризба на која власта и градоначалникот не обрнуваат внимание, додека граѓаните се гушат.

И покрај реакциите на граѓаните тие не наидуваат на слух од оваа власт и од градоначалникот на градот, па оттука кичевчани со пароли поставени токму на мостот на една од најфрекфентните места во графот од каде се шири непријатната миризба упатуваат порака до надлежните итно и неодложно решавање на овој проблем кој е извор на зараза, притоа нагласувајќи дека во близина се наоѓа и градската болница.

 

 

Тие испратија и порака со штипки за затнување на носот до властите во градот и самиот градоначалник за да се досетат дека во Кичево навистина не се дише.