петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Министрите и градоначалникот на Прилеп ги броеа затворените дуќани Старата чаршија?

ФОТО: Министрите и градоначалникот на Прилеп ги броеа затворените дуќани Старата чаршија?

Во работна посета на Прилеп денеска престојуваа заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, пишува порталот маркукуле.мк.

Тие одржаа средба со стопанственици од Прилеп и Битола, а искористија и прилика да прошетаат и низ прилепската Стара чаршија.

А таму имаше што да видат… Старата чаршија повеќе не е иста и којзнае кога одново ќе се опорави. Лошото менаџирање на кopoна кpизата си го направи своето, па денеска речиси половина од дуќаните во чаршијата се затворени.

Дуќанџиите во неколку наврати бараа помош од локалните и централните власти, но залудно…

Затоа сликата денеска е таква каква што е…

ЕУРО 2020

Македонија