сабота, 28. март 2020. Вести денес: 70
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

ФОТО: Манастирот на Тоше, „Свето Преображение“, полн со посетители за денешниот празник

ФОТО: Манастирот на Тоше, „Свето Преображение“, полн со посетители за денешниот празник

Секоја година на 18 и 19 август, Преображение Христово, манастирот во Крушево е целната дестинација на голем број луѓе кои од целата земја, но и од странство доаѓаат да го посетат.

Во Крушево, родниот град на нашиот Тоше, масовно се слави верскиот празник Свето Преображение, манастирот каде Тоше го наоѓаше својот мир и каде ја црпеше сета енергија, а кој се наоѓа на повеќе од 1 700 метри надморска висина.

Голем број посетители и денес се наоѓаат на ова свето место во одбележување на големиот празник.

Она што може да се забележи е дека манастирот и просторот околу него од година во година се повеќе и повеќе се уредува.

Токму Тоше Проески уште како дете учествувал и помагал во изградбата на манастирот „Свето Преображение“ кој тој го сметаше за свој втор дом.