среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Кавадарци ќе добие лизгалиште

ФОТО: Кавадарци ќе добие лизгалиште

Општина Кавадарци на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, а во соработка со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“ реализира проект за изградба на монтажно лизгалиште.

Лизгалиштето е лоцирано на тениските терени при спортскиот центар „Јасмин“ на површина од близу 500м2. Предвидено е да се користи во текот на зимската сезона, со намена за спорт и рекреација пред се на најмладите.