петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 153
home Општини

Фото: Кавадарци добива нов кружен тек- поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот

Фото: Кавадарци добива нов кружен тек- поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот

Кавадарци ќе добие нов кружен тек на крстосницата на улицата „Блажо Алексов“  со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“.

Во наредните неколку денови на новоформираните коловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт.

-Се работи за побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градското подрачје, бидејќи станува збор за влез во градот од правец на Неготино, информираат од општинската служба за односи со јавноста.

Со ова ново сообраќајно решение, додаваат оттаму, се создаваат услови за оптимален проток на возила и пешаци и безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Коронавирус