недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Делчево тоне во смет, преполни контејнери во ек на летните горештини

ФОТО: Делчево тоне во смет, преполни контејнери во ек на летните горештини

Општина Делчево веќе неколку дена во екот на најголемите летни горештини тоне во смет. Контејнерите во центарот на градот преполни се со отпад и се потенцијален извор на зараза. Градот според жителите никогаш не бил позагден. Комуналната хигиена е на дно, а контејнерите ретко се чистат, што резултира со ѓубре по улиците.

Еден повозрасен делчевeц коментира дека е голем срам за градот, кој некогаш важеше за еден од почистите во државата да се гуши во ѓубре за време на ,,Голачките фолклорни средби” манифестација која на 8 и 9 август се одржува на планината Голак и кога градот е посетен од фолклорни здруженија од државите од регионот.

– Која порака ја испраќаме на гостите од странство, што ќе мислат тие, коментира нашиот соговорник.

-Лето е, децата се низ дома, излегуваат навечер сакаат да си играат, а надвор до игралиштето преполни контејнери кои шират одвратна миризба. Кучињата скитници пак го развлекуват сметот и го носат насекаде, со што целиот град ни наликува на огромна депонија, вели еден млад брачен пар излезен со своите деца.

Голем дел од граѓаните кои ги сретнавме низ градот коментираат дека додека нивниот град се гуши во сметот, градоначалникот е на одмор во Кушадаси, Турција, а го оставил градот со купишта ѓубре во екот на лените горештини.

Коронавирус