среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Автобус излета на тротоар и заглави меѓу потпорен ѕид и електричен столб во Штип

ФОТО: Автобус излета на тротоар и заглави меѓу потпорен ѕид и електричен столб во Штип

На Фејсбук попладнево се појавија фотограии од сообраќајна несреќа во Штип, на булеварот „Гоце Делчев“ под мостот меѓу Исарот и Стар Конак. Несреќата се случила околу 16 часот, кога автобус излетал од патот, се искачил на тротоарот и заглавил меѓу електричниот столб и потпорниот ѕид, објави телевизија Стар.

Нема информации за повредени, а неофицијално се шпекулира дека на возачот му се слошило, иако потврда нема и за ова. Истрагата е во тек.

Повеќе фотографии погледнете на ТВ Стар