петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Општини

ФОТО: Акција за отстранува хаварисани возила во Гостивар

ФОТО: Акција за отстранува хаварисани возила во Гостивар

Во рамките на заедничките активности на СВР Тетово и гостиварската и тетовската локална самоуправа за отстранување на стари хаварисани возила од јавни сообраќајни површини, вчера во Гостивар биле подигнати 5 вакви возила.

-Подигнатите возила од  гостиварската „пајак-служба“ транспортирани се на наменски определената локација, а активности ќе продолжат и наредните денови, откако на новооткриените возила ќе им бидат ставени писмени известувања со рок од три дена нивните сопственици сами да ги отстранат, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Коронавирус