вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 42
home Општини

Фестивалот на трубите од 12 до 14 јули во Пехчево

Фестивалот на трубите од 12 до 14 јули во Пехчево

Осмото издание на Фестивалот на дувачки оркестри годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули на плоштадот „Св. Петар и Павле“ во Пехчево.

Како што информира Живко Каликов од општина Пехчево, општината која е организатор на настанот, се подготвува за ново издание на фестивалот со цел да ги задоволи очекувањата на посетителите и да привлече нови гости.

– И годинава очекуваме дека програмата која ја подготвивме ќе привлече огромно внимание и ќе биде вистинско уживање за нашите посетители. Се планира програма за три фестивалски дена кои ќе бидат исполнети со настапи на врвни дувачки оркестри, но и големи концерти на македонски и балкански ѕвезди. Освен многу музика, гостите ќе уживаат и во вкусна скара и разновидни пива. За фановите на фудбалот ќе има посебна зона, каде ќе се следат завршните натпреварите од годинашното Светско првенство во Русија, истакна Каликов.

Главни покровители на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево се Хотел „Гогов“, Кит-Го Маркети и Дик Фагус-Пехчево. (МИА)